Достапни линкови

logo-print

Стотина граѓани на протест пред владата


Стотина граѓани вечерва излегоа на протест пред зградата да владата, на кој преку озвучување ги емитуваа снимките кои денеска ги објави СДСМ, а со кои, како што рече партискиот лидер Зоран Заев, се покажува како власта и медиумите го договараат медиумското омаловажување на лидерот на опозициската Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, кој беше уапсен ден по парламентарните избори во 2011 година.

Собраните граѓани, кои блокираа половина од булеварот Илинден пред владата, носеа транспаренти и извикуваа „Садисти“, „Убијци“, „Психопати“.

Собраните граѓани, кои блокираа половина од булеварот Илинден пред владата, носеа транспаренти и извикуваа „Садисти“, „Убијци“, „Психопати“. Собирот, како што велат е организиран преку социјалните мрежи и е во знак на револт против Владата, по снимките што ги објави Заев. Стотина граѓани, пак, вечерва се собраа пред зградата на Владата, носејќи транспаренти и извикувајќи „Садисти“, „Убијци“, „Психопати“, а преку ои преку озвучување ги емитуваа снимките што ги објави денеска Заев. Собирот, како што велат е организиран преку социјалните мрежи и е во знак на револт против Владата.

Лидерот на СДСМ денеска на прес-конференција презентираше снимки од прислушувани телефонски разговори меѓу, како што рече, директорот на УБК Сашо Мијалков и уредникот на ТВ Сител Драган Павловиќ Латас и сопственикот на Канал 5 Емил Стојменов, кои според него се доказ дека апсењето на претседателот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски е политички монтиран процес. Покрај овие денеска беа пуштени и аудио снимки, од, како што рече Заев, разговори меѓу министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и шефот на кабинетот на Груевски, Мартин Протуѓер, на кои се слуша зборување за контроли на патишта за време на протести, што да се објави од веста за апсењето на Бошкоски и како да се однесуваат со луѓето од неговата партијата што работат во државните институции.

XS
SM
MD
LG