Достапни линкови

logo-print

Ди Велт: Германија ќе загуби најмногу ако Грција излезе од еврозоната


Во анализата на германскиот весник, „Ди Велт“ се вели дека Германија ќе загуби најмногу од сите земји кредитори, кои ја кредитирале Грција, доколку земјата излезе од еврозоната. Германија ќе загуби 92,7 милијарди евра што е 3,3 проценти од БДП или една третина од нејзиниот национален буџет. На второ место е Франција со загуба од 71,5 милијарди евра а на трето место е Италија со 62,1 милијарди евра.

Следуваат Шпанија со 42, Холандија со 20 и Бeлгија со 12,4 милијарди евра од земјите кои што грчкиот банкрот ќе ги чини над 10 милијарди евра. По нив се Австрија, Финска, Португалија, Словачка, а на листата се наоѓа и Грција која што со сопствениот излез од еврозоната ќе ја чини 2,3 милијарди.

Словенија е земја која што ќе има најголема штета споредено со нејзиниот БДП , Љубљана ќе загуби 3,9 проценти од БДП или 1,5 милијарди евра кои што ги даде за помош на Грција.

Иако во вкупната сума дадена за Грција од 330 милјарди евра учествуваат и институции како ММФ, Европската Централна Банка и Европската Комисија сепак парите изворно доаѓаат од националните буџети.

Проценката на експертите е дека доколку денеска во Брисел не се најде решение и Грција наскоро излезе од еврозоната ќе бидат потребни уште најмалку 250 милијарди евра за стабилизација на еврозоната.

XS
SM
MD
LG