Достапни линкови

Граѓани протестираат пред зградата на Владата


Неколку десетици граѓани се собраа пред зградата на Владата на Република Македонија, носејќи транспаренти и извикувајќи „Садисти“, „Убијци“, „Психопати“. Собирот, како што велат е организиран преку социјалните мрежи и е во знак на револт против Владата, по објавените снимки од страна на опозицискиот СДСМ на денешната прес конференција. Имено, лидерот на партијата Зоран Заев презентираше снимки од прислушувани телефонски разговори меѓу, како што рече, директорот на УБК Сашо Мијалков и уредникот на ТВ Сител Драган Павловиќ Латас и сопственикот на Канал 5 Емил Стојменов, кои според него се доказ дека апсењето на претседателот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски е политички монтиран процес. Покрај овие денеска беа пуштени и аудио снимки, од како што рече Заев разговори меѓу министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и шефот на кабинетот на Груевски Мартин Протуѓер на кои се слуша зборување за контроли на патишта за време на протести, што да се објави од веста за апсењето на Бошкоски и како да се однесуваат со луѓето од неговата партијата што работат во државните институции.

XS
SM
MD
LG