Достапни линкови

logo-print

Бесими се сретна со американскиот амбасадор Бејли


Вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Бесими денеска имаше средба со американскиот амбасадор Џес Бејли, на која разговарале за процесот на европската интеграција на Република Македонија, за клучните постигнувања и предизвици со кои се соочува земјата во насока на нивно надминување и постигнување дополнителен напредок во наредниот период.

На состанокот Бесими потенцирал дека евроатлантската интеграција останува клучен стратешки приоритет на нашата земја, а Владата и понатаму продолжува со реализација на активностите предвидени со Акцискиот план на селектираните приоритети.

Амбасадорот Бејли потенцираше дека Соединетите Американски Држави искрено ќе продолжат да ги поддржуваат сите значајни демократски процеси, како и што поскоро зачленување на Република Макдеонија во НАТО и Европската унија.

XS
SM
MD
LG