Достапни линкови

logo-print

Најмалку 25 загинати во бомбашки напад во Либија


Најмалку 25 луѓе загинаа и 30 се повредени во серија бомбашки напади во источна Либија. Извештаите велат дека бомбите биле насочени кон бензинска и полициска станица и кон домот на спикерот на Парламентот, Агила Салах во градот Ал-Кубах. Салах рече дека нападот е одмазда на неодамнешните египетски воздушни напади врз целите на Исламската држава. Тој прогласи седум дена жалост за жртвите. На 16 февруари египетските воздухопловни сили бомбардираа позиции на Исламската држава во Дерна. Нападите се случија откако милитантите на Исламската држава убија 21 припадник на египестките Копти.

XS
SM
MD
LG