Достапни линкови

Хан: Сериозната политичка криза треба да се реши низ институциите


„За време на посетата на ПЈР Македонија, испратив јасна порака до сите политички страни дека треба да се обидат да најдат решение за актуелната, многу сериозна политичка криза, низ институциите и во парламентот“. Ова на денешниот брифинг во Брисел го истакна евро-комесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан. Тој додаде дека било разговарано за можните начини на кои Европската комисија и другите европски институции би можеле да го подржат тој процес.

„Сите евентуални материјали за криминал треба да бидат доставени до оние што се надлежни за тоа, а тие треба да ги процесуираат на адекватен начин и независно, а доколку е потребно и на транспарентен начин“, додаде Хан.

XS
SM
MD
LG