Достапни линкови

Собир во Киев во чест на жртвите на Еуромајдан


Стотици луѓе маршираа во Киев во чест на демонстрантите кои загинаа пред една година на протестите на Евромајдан при жестоките судири со безбедносните сили. Помеѓу 18 и 21 февруари, повеќе од 100 луѓе загинаа, меѓу кои и 17 полицајци. Во деновите што следеа, во судирите на Еуромајдан загинаа уште девет демонстранти.

Украинскиот претседател, Петро Порошенко, го прогласи 20 февруари како официјален ден на сеќавање, кога најмногу од луѓето ги забуија своите животи. Порошенко денеска ќе одржи говор на Плоштадот на независноста во Киев, каде се одржуваа протестите. Се очекува повеќе европски лидери да учествуваат на комеморацијата на 22 февруари.

XS
SM
MD
LG