Достапни линкови

logo-print

Средба на Меркел и Оланд за ситуацијата во Украина


Лидерите на Германија и Франција ќе разговараат за ситуацијата во источна Украина, во услови на несигурниот договор за прекин на огнот, со цел да се тави крај на борбите меѓу владините сили и проруските сепаратисти.

Канцеларката Ангела Меркел и претседателот Франсоа Оланд, кои посредуваа за потпишување на договорот во Минск минатата недела, денеска ќе се состанат во Пзриз. Во меѓувреме, украинската војска соопшти дека повеќе од 20 руски тенкови, 10 ракетни системи и автобус полн со војници ја поминале украинската граница во последните 24 часа и дека се упатиле кон Новоазовск, источно од стратегискиот крајбрежен град Мариупол, кој е под контрола на владините сили.

Војската соопшти дека украински позиции биле гранатарирани во текот на ноќта. Сепаратистите исто така рекоа дека имало артилериски напади од страна на украинската војска, вклучително и позиции на аеродромот во Доњецк.

XS
SM
MD
LG