Достапни линкови

САД ги повикаа Европа и Грција да постигнат договор


Соединетите држави ги повикаа европејците и Атина да постигнат договор за финансирањето на Грција со предупредување дека во случај на неуспех би можело да врати несигурноста во еврозоната. Неименуван претставник на американската администрација изјави дека во случај на пропаѓање на преговорите Грција веднаш ќе ги почувствува економските последици, додека еврозоната ќе се соочи со голема несигурност. Американскиот министер за финансии Џејкоб Лу вчера разговарал за ова прашање со претседателот на еврозоната Јерен Дијселблем и со грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис.

XS
SM
MD
LG