Достапни линкови

logo-print

Меркел и Оланд ќе разговараат за Украина


Германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд денеска во Париз ќе разговараат за ситуацијата во источна Украина каде што не се почитува примирјето постигнато во минатата недела. Меркел и Оланд беа клучните меѓународни преговарачи за решавање на кризата. Вчера беше забележано гранатирање во Доњецк, град кој е под контрола на проруските бунтовници. Украинската војска пак соопшти дека бунтовниците бомбардирале нејзини позиции во близина на Мариупол. Најновите борби се случија откако владините сили се повлекоа од стратегиски важниот град Дебалцеве.

XS
SM
MD
LG