Достапни линкови

Газпром испорачува гас за сепаратистите во Украина


Рускиот државен монопол за природен гас, Газпром, започна со испорака на гас директво во областите контролирани од проруските сепаратисти во источна Украина, откако премиерот Дмитриј Медведев му наредил на Министерството за енергетика да изработи план за снабдување како хуманитарна помош. Шефот на Газпром, Алексеј Милер изјави дека пратките ќе минуваат низ станиците за газ Прохоровка и Платово во износ од околу 12 милиони метри кубни дневно. Станицата Прохоровка се наоѓа на границата меѓу Русија и регионот Луганск, а Платово е на границата се регионот Доњецк.

XS
SM
MD
LG