Достапни линкови

Јолевски: Во Македонија нема ситуација на пуч


Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, денеска на новинарско прашање што би треабало да преземе Министерството за одбрана во случај на пуч, тој одговори дека според дефинициите за „пуч“, во Македонија нема таква ситуација. „Ако одиме по дефиницијата во случај на „пуч“, во меѓународната практика значи дека војската презема одредени активности. Тоа не е случај во Република Македонија, војската си е во касарните, така да немаме таква ситуација“, рече Јолевски, додавајќи дека дека надлежните органи треба да се изјаснат околу настаните.

XS
SM
MD
LG