Достапни линкови

logo-print

Белата куќа негира дека се планирани мировни преговори во Катар


Белата куќа и Талибанците во Авганистан ги негираат извештаите дека се закажани митровни преговори во Катар. Портпаролката на амариканскиот Национален совет за безбедност, Бернадет Михен, денеска изјави дека Вашингтон го поддржува процесот на помирување предводен од Авганистан, вклучително и Талибанците.

Но, таа истакна дека не се закажани средби меѓу Талибанците и преговарашите од САД. Централната команда на Талибанците исто така се дистанцираше од извештаите, соопштувајќи дека условите за преговори се далеку од исполнети. Високи претставници на армијата во Пакистан и дипломати претходно рекоа дека авганистанските Талибанци покажале волја да започнат мировни преговори со претставници на САД во Катар.

XS
SM
MD
LG