Достапни линкови

Лукашенко: Белорусија е подготвена за дијалог со НАТО


Belarusian President, Alyaksandr Lukashenka.

Belarusian President, Alyaksandr Lukashenka.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека неговата земја е подготвена за конструктивен дијалог со НАТО. Тој зборуваше пред белоруски воени претставници во Минск и рече дека како суверена држава се отворени за конструктивен дијалог со НАТО, врз принципи на транспарентност.

Тој додаде дека имаат многу заеднички прашања со НАТО и заеднички работи во насока на интересите на Белорусија. Лукашенко вели дека борбите во источна Украина покажуваат дека Белорусија мора да има армија способна да ги заштите своите национални интереси и да ја брани својата независноста и суверенитет.

XS
SM
MD
LG