Достапни линкови

Германија го оцени предлогот на Грција како несуштински


Greek Finance Minister Yanis Varoufakis.

Грција официјално побара од еврозоната шестмесечно продолжување на финансиската помош за заемот. Министрите за финансии на еврозоната утре ќе одлучат за барањето. Министерството за финансии на Германија, кое е главниот кредитор, соопшти дека тоа „не е суштински предлог за решение“, бидејќи се сведува на барање на „мост за финансирање, без да се исполнат барањата“ од програмата за финансиската помош. Европската Комисија претходно барањето го нарече „позитивно“. Грција и останатите членки на еврозоната не се согласуваа околу формулата за проширување на финансиската помош на земјата од 240 милијарди евра.

XS
SM
MD
LG