Достапни линкови

Русија не прифаќа мировници на ОН во Украина


Русија ги отфрли повиците на Украина за да им се даде мандат на мировници на Обединетите Нации да го спроведат несигурниот прекин на огнот во источна Украина. Портпаролот на Министерството за одбрана, Александар Лукашевич, рече дека договорот за примирје потпишан во Минск минтата недела, треба да остане основа за решавање на конфликтот.

Тој исто така рече дека Киев е одговорен да обезбеди сигурност за договорот да биде извршен. Прорускиот сепаратистички лидер, Денис Пушилин рече дека со присуството на мировниците ќе се прекрши договорот од Минск. Украинскиот претседател, Петро Порошенко ги повика мировните сили да го спроведат прекинот на огнот, откако владините сили вчера се повлекоа од стратешкиот град Дебалцеве, по интензивните борби.

XS
SM
MD
LG