Достапни линкови

Минатата недела во Македонија имало над две илјади заболувања од грип


Во текот на минатата недела во Македонија се пријавени 2.059 новозаболени лица од грип и заболувања слични на грип, што претставува зголемување на бројот на регистрирани случаи во однос на минатата недела за 24,6 отсто, соопшти Институтот за јавно здравје на Република Македонија.

Вкупниот број заболени од грип од почетокот на сезоната 2014/2015 заклучно со шестата недела од годинава изнесува 10.545 лица. Во овој период нема регистрирани смртни случаи асоцирани со инфекција со вирусот на грип.

Споредено со бројот на заболени во седмата недела од минатата сезона, годинава се бележи намалување за 48,2 отсто, а намалување постои и во однос на просечниот број заболени за истата недела во изминатиот 10-годишен период. и тоа изнесува 19,2 отсто. Заболени лица оваа сезона се пријавени речиси од сите извештајни единици. Нема регистрирани заболени само во Берово.

XS
SM
MD
LG