Достапни линкови

Иселениците во Турција бараат државјанства за повеќе инвестиции


Во здруженијата на македонските иселеници во Турција велат дека бизнисмените по потекло од Македонија видно ќе ги зголемат своите инвестиции ако имаат и македонски државјанства.

Во здруженијата на македонските иселеници во Турција има голем интерес за добивање на македонски државјанства. Меѓу нив има и повеќе бизнисмени кои најавуваат силни инвестиции во родниот крај, како што се Жупа, Река, Дебар, но и други градови во Република Македонија. Зајакнувањето на соработката на самите здруженија на иселениците во Република Турција, видно ја зголеми соработката со Македонската амбасада во Турција и сега е зголемен интересот на иселениците бизнисмени да инвестираат во Република Македонија.

Во Турција има меѓу 5 и 6 милиони иселеници по потекло од Македонија, нас нè има многу.
Џевдет Џомерт, првиот претседател на првото здружение на македонските иселеници во Турција во градот Маниса.

Џевдет Џомерт.
Џевдет Џомерт.

„Ние во Турција се иселивме во 1950 година. Во 1992 година го регистриравме првото здружение на иселениците во градот Маниса во Турција, каде што претежно живеат иселеници од Река. Спроведувавме бројни активности во интерес на иселениците, но и во интерес на Македонија. Во Турција има меѓу 5 и 6 милиони иселеници по потекло од Македонија, нас нè има многу“, вели Џевдет Џомерт, првиот претседател на првото здружение на македонските иселеници во Турција, кое е формирано во градот Маниса.

Македонските иселеници во Турција сега се добро интегрирани. Помладите генерации не работаат веќе само физички работи како што работеа нивните родители, односно предци. Тие се школуваат и денеска имама наши претставници во политиката, бизнисот. Имаме наши пратеници, градоначалници, и многу луѓе во администрацијата . Многу се бизнисмени, имаат фабрики и други богатства.
Џевдет Џомерт, првиот претседател на првото здружение на македонските иселеници во Турција во градот Маниса.

РСЕ: Каква е соработката на здружението во Маниса со другите здруженија на иселениците ширум Турција?

„Соработката на сите здруженија е мошне добра. Соработката се одвива преку посебно Министерството што го има турската влада, но ние соработуваме и самостојно меѓу самите здруженија. Посебно имаме и соработка во сферата на културата и заштита на традициите од Река. Ние таму во Турција ги имаме истите традиции истата облека како што е овде во Река“, вели тој.

Џомерт, кој воедно е и првиот македонски иселеник кој добил македонски пасош, истакнува дека бизнисмените по потекло од Македонија видно ќе ги зголемат своите инвестиции ако имаат и македонски државјанства. Минати се времињата кога нашите иселеници работеа само физички работи во Турција, вели тој.

„Македонските иселеници во Турција сега се добро интегрирани. Помладите генерации не работаат веќе само физички работи како што работеа нивните родители, односно предци. Тие се школуваат и денеска имама наши претставници во политиката, бизнисот. Имаме наши пратеници, градоначалници, и многу луѓе во администрацијата. Многу се бизнисмени, имаат фабрики и други богатства“, вели Џомерт.

РСЕ: Каков е интересот меѓу иселениците кои имаат бизниси да инвестираат во родниот крај на своите во Македонија? Што конкретно бараат тие во здруженијата?

„Ние ги бараме истите права што во Македонија ги добиваат македонските иселеници кои се во Америка, Австралија и други земји. Тоа го бараме и ние кои сме во Турција, а тоа е да добиеме македонски државјанства. Иселениците во Турција од Македонија имаат голем економски потенцијал. Зошто тие да не добијат македонски пасоши, тие се од Македонија, голем дел од нив се родени во Река. Овде кај вас треба парламентот и партиите во него да бидат заедно во донесувањето на одлуките и иселениците во Турција од Македонија да добијат македонски пасоши. Ќе видете, тие имаат многу сила на економски план да помогнат, да инвестираат“, вели Џомерт.

Оваа пролет над 30 бизнисмени иселеници по потекло од регионот на Река во Општина Маврово–Ростуше се очекува да инвестираат во повеќе сфери во својот роден крај. Тие се сигурни дека можат да им помогнат на своите, но и на родниот крај, бидејќи тоа го можат, велат претставниците на бизнис секторот од Маниса, кој деновиве престојуваа во Ростуше.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG