Достапни линкови

logo-print

Турција депортирала 1.100 странски борци што сакале да се борат за ИД


Турскиот министер за одбрана Исмет Јилмаз на министерска средба во Вашингтон посветена на борбата против тероризмот изјави Турција депортирала над 1.100 странски борци кои сакале да се присоединат кон џихадистите во Ирак и Сирија.

„Кога добиваме навремена и полезна разузнавачка информација, ние сме способни да ги запреме или да ги депортираме. Странските борци се наш заеднички непријател“, рекол Јилмаз. Средбата против тероризмот во Вашингтон се одржа во рамки на форумот на високо ниво во Белата куќа за одговор на насилствата и екстремизмот.

XS
SM
MD
LG