Достапни линкови

Обама: САД војуваат против тероризмот, не против исламот


Обама: САД војуваат против тероризмот не против исламот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:27 0:00

Обама: САД војуваат против тероризмот не против исламот

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Соединетите Држави не се во војна со исламот, туку со луѓето кои ја искривуваат религијата. Говорејќи на тридневниот самит на Белата куќа против насилниот екстремизам, тој рече дека одговорни за тероризмот не се верите, туку луѓето.

Претседателот Обама додаде дека оние што ги водат милитантите на Исламската држава не се верски лидери туку терористи.

Историјата ни покажа дека тиранијата и агресијата не запираат сами. Тие запираат само ако бидат поразени. И да не грешиме тиранијата е главна во агендата на милитантите на исламската држава.
Џон Кери, државен секретар на САД

„Ал Каеда и Исламската држава и други групи како нив се очајни за легитимитет. Тие се обидуваат да се претстават како верски лидери, како свети воини во одбрана на исламот. Тие ја пропагираат идејата дека Америка и Западот, воопшто, се во војна со исламот. На таков начин ги регрутираат и се обидуваат да ги радикализираат младите луѓе. Тоа е лага“, рече Обама, додавајќи:

„Ние не треба да им дозволиме на овие терористи да го добијат верскиот легитимитет што го бараат. Тие не се верски лидери. Тие се терористи“, рече тој.

Обама оцени дека насилството врз невини луѓе не претставува никаква одбрана на исламот и на муслиманите, туку им прави штета.

Ние не треба да им дозволиме на овие терористи да го добијат верскиот легитимитет што го бараат. Тие не се верски лидери. Тие се терористи.
Барак Обама, претседател на САД

Некои ја критикуваат Белата куќа што избегнува да го поврзе екстремизмот со исламската вера и покрај нападите во Париз и Копенхаген кои беа извршени од исламски милитанти.

Обама додаде дека младите муслимани, особено оние што живеат во сиромаштија, се подложни на екстремистичка пропаганда и ги повика муслиманските заедници во Америка да сторат повеќе во справувањето со насилниот екстремизам.

На самитот во Вашингтон на кој учествуваат делегации од 60 земји, а беше свикан по серијата брутални напади во Европа и на Блискиот Исток зборуваше и американскиот државен секретар Џон Кери кој изјави дека светот мора да дејствува, а не само да зборува за борба против милитантите на Исламската држава.

„Историјата ни покажа дека тиранијата и агресијата не запираат сами. Тие запираат само ако бидат поразени. И да не грешиме тиранијата е главна во агендата на милитантите на Исламската држава“, изјави Кери.

Самитот беше отворен од потпретседателот Џо Бајден кој ги пофали Соединетите Држави за нивното вистинско асимилирање на имигрантите, модел кој, како што рече, би требало повеќе да спроведува и во Европа.

Белата куќа смета дека Европа е особено ранлива на напади бидејќи имигрантите често се помалку интегрирани во општеството.

На минатонеделното сведочење во Конгресот, претставници на разузнавачките служби обелоденија дека околу 150 Американци биле вклучени во редовите на исламските милитанти во Сирија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG