Достапни линкови

Грција бара продолжување на финансискиот пакет


Министерот за финансии на Грција Јанис Варуфакис

Министерот за финансии на Грција Јанис Варуфакис

Министерот за финансии на Грција Јанис Варуфакис изјави дека грчкото барање за продолжување на заемот од другите членки на еврозоната ќе биде така формулиран за да може да им биде прифатлив и на Атина и на меѓународните кредитори. Најавено е дека денеска Грција ќе побара шестмесечно продолжување на спасувачкиот пакет, но оти во него нема да бидат вклучени барањата за остри мерки за штедење. Без нов договор за пакетот кој истекува на крајот од месецов Грција би можела да остане без финансиски средства и да банкротира.

XS
SM
MD
LG