Достапни линкови

Украина ќе бара мировни сили на ОН


Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека Киев ќе бара во зоните зафатени со борби на истокот на Украина да биде упатен меѓународен контингент со мандат на Обединетите нации за да го надгледува примирјето. Таква одлука вчера прифати украинскиот државен совет за безбедност. Порошенко додаде дека најдобро решение би било испраќање полициска мисија на Европската унија која би имала мандат од Обединетите нации. До ова дојде откако проруските бунтовници го освоија стратегискиот град Дебалцеве и покрај прекинот на огнот договорен пред неколку денови во Минск.

XS
SM
MD
LG