Достапни линкови

Премиерот Груевски се сретна со американскиот амбасадор Бејли


The new US ambassador to Macedonia Jess L.Bejli.

The new US ambassador to Macedonia Jess L.Bejli.

Премиерот Никола Груевски, денеска се сретна со новоименуваниот американски амбасадор Џес Бејли. На средбата, како што соопшти Владата, поздравени се билатералните односи помеѓу двете земји и изразена е посветеност кон нивно континуирано унапредување и продлабочување. Истакната е и определба за интензивирање на соработката во сите сфери од заеднички интерес.

Соговорниците разговарале за реформите што се спроведуваат во Македонија и за актуелната политичка состојба при што премиерот Груевски ја истакнал стратешката определба на државата за интеграција во евроатлантската заедница и за унапредување на стандардите во сите општествени области.

Двајцата соговорници го истакнале и значењето на соработката во областа на мировните мисии во кои учествуваат и македонските мировници под раководство на НАТО. Разговарано е и за можностите за зголемување на економската соработка, трговската размена и соработката на полето на инвестициите.

XS
SM
MD
LG