Достапни линкови

Швајцарските обвинители влегоа во канцелариите на банката ХСБЦ


Швајцарските обвинители направија претрес на придружницата во Женева на банката „Хонгконг Шангај Банкинг Корпорејшн“ (ХСЦБ), како дел од истрагата за обвинувањата за перење пари, против финансиската институција.

Обвинителството во Женева, соопшти дека истрагата е реакција на известувањето на медиумите дека швајцарскиот оддел на (ХСЦБ), која е втората по големина комерцијална банка во светот со седиште во Велика Британија, им помагал на богатите клиенти низ целиот свет да избегнат милиони долари даноци, преку формирање тајни сметки.

Според швајцарскиот закон, казните за перење пари се многу поголеми, отколку за помагање на странските клиенти да избегнат плаќање на даноци. Откривањето на повеќе од 119 милијарди долари во тајни сметки на (ХСЦБ) во Швајцарија, следат по објавувањето на околу 60 илјади тајни документи со детали за клиентите на банката, вклучително за меѓународни криминалци, бизнисмени, политичари и познати личности.

Фајловите беа украдени од банката во 2007 година од страна на безбедносни компјутерски специјалисти, а потоа и беа дадени на француската влада, предизвикувајќи кривични истраги во неколку земји.

XS
SM
MD
LG