Достапни линкови

Непримерно е судиите да се ставаат во состојбата јавно да се бранат од притисоците


Здружението на судиите на Република Македонија искажува загриженост за последните случувања и објавените аудио снимки на една од политичките партии и смета дека е непримерно судиите да се ставаат во состојба јавно да се бранат од притисоците.

Во контекст на последните случувања и објавените аудио снимки на една од политичките партии, кои во јавноста се конотираат како директно мешање на судската власт и атак врз независноста на судиите, Здружението на судиите на РМ истакнува загриженост и смета дека е непримерно судиите да се ставаат во состојба јавно да се бранат од притисоците, се вели во денешното соопштение од Здружението.

Управниот одбор на Здружението донел заклучок да го слушне мислењето и да ги сублимира изградените ставови на подружниците на сите судови, по што ќе излезат со конзистентен став

XS
SM
MD
LG