Достапни линкови

Лидерот на Хонгконг ги повика жителите дa бидат како овци


Лидерот на Хонгконг ги повика жителите на градот да бидат како овци. Извршниот директор Лунг Чун-јинг го направи повикот во пресрет на подготовките на градот за Годината на овцата, на 19 февруари. Лунг рече дека жителите треба да се инспирираат од од карактерот на овците и заедно да работат за иднината на Хонг Конг.

Лунг додаде дека претходната година на коњот не била лесна за градот полн со разлики и конфликти. Тој зборуваше во насока на продемократските собири кои повеќе од два месеци предизвикаа застој на улиците на финансиските центри.

XS
SM
MD
LG