Достапни линкови

Кој ја потиснува македонската култура во Република Македонија и во соседството?


Тихомир Стојановски.

Тихомир Стојановски.

Тетарот „Скрб и утеха“ пет години не добива средства за театарска претстава, седум години за гостување кај Македонците во пиринско, шест години за гостување кај Македонците во Тирана...а еве сега, после 22 години дејствување, се укинува подршката и за манифестацијата „Дион-Исусовите слави“ , всушност за средбите на македонската култура од соседните земји. Од пиринско, егејско, преспанско, Гора, голобрдцко, Македонците од Србија…вели проф. д-р. Тихомир Стојановски во отвореното јавно писмо до Премиерот и Министерката за култура.

Нашата институција е возобновена 1988 година. Зад себе има 27 годишно траење со дела: триесеттина книги, преводи на театарски дела, 200 документарни приказни. Сме биле учесници на петнаесеттина меѓународни фестивали. Зад себе имаме и повече од триесеттина театарски премиери, а театарот “Скрб и утеха“ гостувал во: Шведска, Србија, Хрватска, Турција, Бугарија, Албанија…

Едната е содржините на претставите како “Будење на ангелите“ или „Чернодрински експрес“... а другата е тоа што некој веројатно рекол... „Не може сега, ние сме на ред!.

Ова меѓу другото го наведува проф. Д-р Тихомир Стојановски во драматичното отворено писмо до Премиерот и Министерката за култура што беше објавено неодамна. Тој дополнува дека театарот поминал од еден во друг политички систем, од социјализмот во ова демократско општество и независноста на Македонија, и дека издржал многу културни битки прилагодувајќи се на условите на времето.

Затоа, како што вели, може да има само две причини за тоа зошто „Скрб и утеха“ веќе пет години не добива средства за театарска претстава.

Првпат сега, после 22 години, практично и таа манифестација се откажува што мислам дека не е добра порака за Македонците во соседните земји. За нив тоа беше еден вид на радост и одржување на она што тие го имаат како идентитет.

„Едната е содржините на претставите како “Будење на ангелите“ или „Чернодрински експрес“... а другата е тоа што некој веројатно рекол... „Не може сега, ние сме на ред!“. И во двата случаја мислам дека се работи за непочит кон традицијата и кон луѓето кои што ги дарувал Господ да работат и да прават нешто за македонската култура. Не е лесно да се издржи безмалку три децении во македонската култура каде тешко може да се најдат средства и каде што нема друга алтернатива освен да му се обратите на Министерството за култура бидејќи нема закони за спонзорства.“

Стојановски појаснува дека е слична состојбата и со манифестацијата која по цели две децении постоење, од иницијалниот театарски маратон преку неколкуте имиња...„Дион-Исусовите слави“, „Дионисови слави“, до годинешното „Армакедонски слави“ ...е доведена пред укинување. Потсетува дека тоа е едно од ретките културни случувања на кое доаѓале македонските заедници од соседните земји, од пиринско, егејско, Преспа. Голо брдо...и се претставувале со својата култура барем еднаш годишно во духот на „Европа без граници“.

„Првпат сега, после 22 години, практично и таа манифестација се откажува што мислам дека не е добра порака за Македонците во соседните земји. За нив тоа беше еден вид на радост и одржување на она што тие го имаат како идентитет. Доаѓаа автори кои тука не се многу познати, а Македонија веројатно немаше доволно време и грижи да ги сними тие песни, да ги објави тие книги и едноставно да ги запознае тие луѓе.“

И, тука не е крајот истакнува Стојановски. Информира дека цели седум години со театарот „Скрб и утеха“ чекаат гостување кај Македонците во пиринско, а дури шест кај македонската заедница во Тирана. Констатира дека така се испраќа глас до нашите заедници таму дека можеби Македонија, македонската држава, не е заинтересирана за нив, за нивната култура.

„Скрб и утеха имаа филмска продукција, издавачка дејност, гостувања, манифестацијата „Дион-Исусовите слави“ и театар... но како една по една се намалуваа, се рутеа тие активности сега дојдовме во ситуација да бидеме комплетно избришани. Не добивме ниту денар и едноставно се најдовме во позиција да пишуваме вакви неблагодарни пораки.“

Но, Стојановски е дециден дека ќе паднат со духот и дека ќе ја баталат својата културна мисија. Тој најавува дека незадоволни од третманот за 27 февруари се подготвуваат и за своевиден културен протест. Планираат во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ да одиграат дел од претставите на театарот „Скрб и утеха“ и да направат отворена трибина со своите гледачи и почитувачи на тема „ Кој ја потиснува македонската култура во Република Македонија и во соседството?“.

„Сакаме тоа да остане како нешто што сме го направиле. Како еден крик, како културен протест на кој сме биле принудени. Сметаме дека треба да се дозволи луѓето кои подолго време работат и натаму да ја слават и да и бидат од полза на македонската култура. Да можат да добијат барем еден или неколку проекти како и останатите културни институции.“

  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG