Достапни линкови

Русија и Јужна Осетија потпишаа договор за границата


Russian Foreign Minister Sergei Lavrov and South Ossetia's de facto Foreign Minister David Sanakoyev.

Russian Foreign Minister Sergei Lavrov and South Ossetia's de facto Foreign Minister David Sanakoyev.

Отцепениот грузиски регион, Јужна Осетија, потпиша „договор за границата“ со Русија, иако Тбилиси е против ваквата одлука. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров и „де факто“ министерот за надворешни работи на сепаратистичката влада на Јужна Осетија, Дејвид Санакојев, денеска го потпишаа документот во Москва.

Во ноември, Москва потпиша договор за „сојузничко и стратегиско партнерство“ со другиот грузиски отцепен регион, Абхазија. Гризија се противи на договорите, соопштувајќи дека ќе се зголеми присуството на Русија во Абхазија и Јужна Осетија. Минатиот месец, министерката за надворешни работи на Грузија, Тамара Беручашвили рече дека Москва може да ја анектира Јужна Осетија, како што направи со Полуостровот Крим во Украина.

Исто така, минатиот месец грузискиот премиер Иракли Гарибашвили повика Европската унија силно да се спротистави на граничниот договор меѓу Русија и Јужна Осетија. Русија ги призна Јужна Осетија и Абхазија како независни држави по војната со Грузија во 2008 година.

XS
SM
MD
LG