Достапни линкови

Иванов: Македонија ја цени улогата на ОБСЕ


Претседателот Ѓорге Иванов, денеска се сретна со потпретседателот на Владата на Србија и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, кој во улога на претседавач на ОБСЕ престојува во работна посета на Македонија.

Иванов истакнал дека Република Македонија високо ја цени улогата на ОБСЕ и поддршката што ја добива земјата во повеќе сфери, како владеење на правото, изборниот процес и законодавството, полицијата и судството, унапредувањето на меѓуетничките односи и соживотот.

Иванов изразил задоволство од фактот што Република Србија, како земја сосед претседава со ОБСЕ и во тој контекст изразил уверување дека српското претседателство на соодветен начин ќе ги изрази интересите на регионот. Република Македонија целосно ја поддржува работата на организацијата и на српското претседателство, нагласил претседателот Иванов.

XS
SM
MD
LG