Достапни линкови

logo-print

Германија го отфрли барањето на Грција за одложување на заемот


Greek Prime Minister Alexis Tsipras.

Greek Prime Minister Alexis Tsipras.

Германија ја отфрли можноста еврозоната да го прифати новото барање на Грција за продолжување на договорот со тројката за шест месеци. Откако портпаролот на грчката влада, Гаврил Сакеларидис, најави дека денеска Атина ќе поднесе барање до еврозоната со кое треба да се одложи враќањето на заемот, реагираше Германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, критикувајќи ја грчката позиција со објаснување дека „не се работи за продолжување на кредитната програма туку дали Грција ќе го почитува актуелниот договор со тројката, одговорот треба да биде со да или не“.

Со тоа пропаѓа идејата на премиерот Алексис Ципрас да добие преоден период, во кој што ќе може да ги избегне острите мерки за штедење со кои се соочуваат грчките граѓани. Ваквата разврска беше отфрлена и на состанокот на земјите членки на еврозоната во понеделник, но Грција сеуште се надева дека може да ги увери своите партнери дека тоа е единствениот начин за продолжување на преговорите меѓу Атина и еврогрупата.

XS
SM
MD
LG