Достапни линкови

Кој нема работа оди во таксисти


Кој не може да се снајде и да најде друга работа излезот го гледа во такси и колку да не седи дома излегува да работи како таксист, вели такси превозник од Охрид.

Таксистите од Охрид се жалат дека сė помалку имаат работа и дека за разлика од порано сė помал е бројот на граѓани кои ги користат нивните услуги. Сметаат дека тоа е резултат на лошата економска состојба и беспарицата. Во Охрид секојдневно се зголемува бројот на таксисти. Речиси секој петти охриѓанец вози такси, а најголем е бројот на оние кои во минатото работеле во некои од неколкуте стопански гиганти како што се Отекс, Емо, Застава и други. Многу охриѓани своите фамилии ги издржуваат од возење на такси.

Во моментов е многу слабо со работа и тешко се опстанува од оваа професија. Нема доволно патници што се возат со такси. Ни се случува да чекаме и по два часа за еден повик.

„Нема пари народот и сега сите се веќе таксисти. Максимум што правиме промет е 800-900 денари дневно. А порано беа други времиња. Има многу таксисти и сиромашните возат најмногу такси“, вели еден таксист.

„Во моментов е многу слабо со работа и тешко се опстанува од оваа професија. Нема доволно патници што се возат со такси. Ни се случува да чекаме и по два часа за еден повик. Кој не може да се снајде и да најде друга работа излезот го гледа во такси и колку да не седи дома излегува да работи како таксист“, вели такси превозник.

Таксистите велат дека е добра мерката за изучување на англиски јазик, но велат дека таа не треба да се однесува на постарите таксисти.

Во меѓувреме советничкото мнозинство даде зелено светло на програмата за подобрување на ефикасноста и квалитетот на такси превозот во Охрид, која предвидува и субвенционирање на изучување на англискиот јазик. Оваа програма наиде на реакции кај локалната опозиција од каде велат дека не се знае од кои средства ќе се финансира оваа програма.

„За жал ние имаме една програма која е иста како оние програми кои ги изгласа владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ. Сосема е празна програма во која не е наведено кои се тие мерки со кои ќе се подобри авто такси превозот. Ниту е наведено колкав е буџетот на таа програма“, рече Јован Стојаноски советник од СДСМ.

„За мене е нејасен таквиот став на опозицијата затоа што секоја активност е буџетски планирана и проектирана. Во рамките на буџетот се издвоени средства за субвенционирање на овие курсеви. Ние продолжуваме со политиката на нашите преземени обврски соодветно да си ги платиме“, рече Димитар Спасески секретар во општина Охрид.

XS
SM
MD
LG