Достапни линкови

Привремено откажани летови на аеродромот во Истанбул


Летовите продолжуваат во на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, по прекинот од три часа поради снежна бура. Сите денешни летови беа одложени, откако втор ден има снежна бура во најголемиот турски град. „Туркиш ерлајнс“ откажа 200 летови закажани за 18 и 19 февруари. Според извештаите, делови од јавниот транспортен систем во Истанбул, вклучително и траекти биле затворени, додека главните патишта беа забавени предизвикувајќи сообраќаен хаос. Поради снежната бура и намалената видливост беше затворен и Босфорскиот теснец.

XS
SM
MD
LG