Достапни линкови

Украинските трупи се повлекуваат од Дебалцеве


Ukrainian servicemen ride on a tank as they leave area around Debaltseve, February 18, 2015.

Ukrainian servicemen ride on a tank as they leave area around Debaltseve, February 18, 2015.

Украинскиот претседател Петро Порошенко, соопшти дека владините сили го завршуваат „планираното и организирано“ повлекување од источниот град Дебалцеве, кој е епицентарот на борбите меѓу украинските трупи и проруските сепаратисти.

„Засега можеме да кажеме дека 80 отсто од нашите единици заминаа“, рече Порошенко додавајќи дека се очекува уште две колони да се повлечат. Непријателствата продолжија и покрај договорот за прекин на огнот постигнат со посредство на европските лидери минатата недела.

Во Дебалцеве се наоѓа клучниот центар на железницата што ги спојува градовите кои ги држат бунтовниците, Доњецк и Луганск. Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини денеска ја осуди бунтовничката офанзива против Дебалцеве и ја оцени како „јасно прекршување“ на договорот за прекин на огнот.

XS
SM
MD
LG