Достапни линкови

Милитантите на ИД запалиле 45 луѓе


Ирачкиот полковник Касим ал Обеди изјави дека милитантите на Исламската држава запалиле 45 луѓе во градот ал Багдади во западниот дел на Ирак. Тој побара поголема меѓународна помош во одбраната на воената база во близина на градот кој од минатата недела е под контрола на милитантите. Во таа база се наоѓаат и околу 300 американски војници кои ги тренираат ирачките сили.

XS
SM
MD
LG