Достапни линкови

logo-print

Во САД екстрадиран Русин обвинет за хакирање


Владимир Дринкман

Владимир Дринкман

Владимир Дринкман, осомничен за хакирање на берзата Насдак што доведе до загуби од 300 милиони долари бил екстрадиран во Соединетите држави. Американското министерство за правда соопшти дека на 34 годишниот Дринкман ќе му биде судено во Њу Џерси откако бил екстрадиран од Холандија. Тој веќе се изјасни за невин во врска со обвинувањата за шема на пробивање податоци. Дринкман и неговиот соработник Дмитри Смилијанец, по барање на Соединетите држави, биле уапсени во Холандија во 2012 година. Еден месец потоа Смилијанец беше екстрадиран во Соединетите држави.

XS
SM
MD
LG