Достапни линкови

Косовскиот премиер повика да запре иселувањето


Косовскиот премиер Иса Мустафа во рамките на одбележувањето на седум годишнината од независноста на Косово ги повика граѓаните да не ја напуштаат земјата која се соочува со тешка економска криза. „Луѓето немаат причина да го напуштат Косово, тие имаат причина да останат“, изјави Мустафа на специјалната седница на косовскиот парламент, барајќи акција против невработеноста, сиромаштијата, корупцијата и организираниот криминал. Во изминативе неколку месеци, економската криза предизвика масовен егзодус на десетици илјади косовски Албанци во потрага по подобар живот во земјите на Европската унија. Во честитката по повод годишнината американскиот државен секретар Џон Кери оцени дека ланските избори биле важен момент во изградбата на просперитетна, мултиетничка демократија.

XS
SM
MD
LG