Достапни линкови

Путин го повика Киев да го предаде Дебалцеве


Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин побара од Киев да им дозволи на украинските сили кои се опколени од проруските бунтовници во Дебалцеве да го положат оружјето. Околу овој стратегиски град во источна Украина се водат жестоки битки и покрај договореното примирје. За време на посетата на Будимпешта, Путин изјави дека конфликтот не може да биде решен со воени средства и ги повика проруските сепаратисти да им дозволат на украинските сили безбедно да го напуштат градот. Украинскиот претседател Петро Порошенко пак оцени дека нападот врз Дебалцеве е цинично кршење на примирјето и побара поостар меѓународен одговор.

XS
SM
MD
LG