Достапни линкови

logo-print

Киев потврди дека сепаратистите заземале делови од Дебалцеве


Киев потврди дека проруските сепаратисти денеска заземале делови од Дебалцеве од владините трупи и дека борбите продолжуваат во источниот град, и покрај договорот за прекин на огнот од минатата недела. Министерството за одбрана на Украина, соопшти дека владините сили биле фатени во заседа и дека бунтовниците заробиле еден војник во Дебалцеве. Но, министерството ги демантираше тврдењата на руските медиуми и на сепаратистите, дека голем број војници биле заробени. Портпаролот на министерството за одбрана, ја нарече ситуацијата во источна Украина „екстремно комплексна.“ Развојот на ситуацијата доаѓа откако двете страни одбија да го повлечет тешкото вооружување од првите борбени линии.

XS
SM
MD
LG