Достапни линкови

Хан се сретна со премиерот Груевски


Euro Commissioner Johannes Hahn visits Macedonia, 17 February 2015.

Euro Commissioner Johannes Hahn visits Macedonia, 17 February 2015.

Еврокомесарот за добрососедска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, по средбата со македонскиот премиер, Никола Груевски, изјави дека се надева оти на крај ќе биде постигнат значаен прогрес за европската перспектива на земјата. „Понекогаш е подобро да се имаат интерни разговори, со цел да се постигне напредок“, рече Хан.

Премиерот Груевски по средбата во резиденцијата на ЕУ, рече дека го информирал Хан за сите случувања во Македонија. „Ова беше добра можност во еден подолг разговор да го информирам комесарот за сите случувања, за сите наши чекори што ги правиме за различни сектори: во економијата, во сите други сектори и да слушнам како тие гледаат на тоа и што очекуваат од нас. Исто така, поразговаравме и за актуелната политичка ситуација. Го кажавме она што е вистината, односно она што се случува“, изјави Груевски. По средбата со премиеротГруевски, Хан попладневно треба да се сретне со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

XS
SM
MD
LG