Достапни линкови

Вељаноски и Бејли повикуваат на дијалог за решавање на проблемите


Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски и новоименуваниот амбасадор на САД во Македонија, Џес Бејли, на денешната средба се согласиле дека недоразбирањата и политичките ставови треба да се искажуваат во институциите, односно во Собранието како највисок законодавен дом, каде народот е претставен преку пратениците.

На средбата тие разговарале за политичката состојба во земјата и за други актуелни прашања. Амбасадорот Бејли, истакнал дека е важно да се преземаат мерки за подобрување на севкупниот имиџ на парламентот и државата, а за тоа е потребно да постои дијалог за решавање на проблемите.

Вељаноски истакнал дека тој ќе ги употреби сите инструменти во негова надлежност, почитувајќи го Уставот, Законот за Собранието и Деловникот за што поскорешно разрешување на оваа политичка состојба и враќање на пратениците кои се во оставка.

XS
SM
MD
LG