Достапни линкови

Нуланд на турнеја низ Јужен Кавказ


Американскиот помошник Државен секретар за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд, пристигна во Азербејџан на нејзиниот прв дел од турнеатат низ Јужен Кавказ. Нуланд денеска во Баку изјави дека нејзините разговори со претседателот, Илхам Алијев, се фокусирани на билатералните врски и ситуацијата околу отцепениот регион, Нагорно-Карабах. Таа додаде дека ќе разговара и за ослободување на двајцата азербејџански војници во Нагорно –Карабах, за време на утрешната средба со ерменските власти во Ереван. Во ерменскиот главен град таа ќе разговара за зацврстување на врските меѓу САД и Ерменија и за решавање на конфликтот во Нагорно-Карабах.

XS
SM
MD
LG