Достапни линкови

Најмалку пет луѓе загинаа во самоубиствен напад во Пакистан


Најмалку пет луѓе загинаа во Пакистан при напад на бомбаш самоубиец, во близина на полициски комплекс во источниот град Лахор. Министерот за здравство во провинцијата Пунџаб, Каваја Салман Рафик, рече дека при денешната експлозија 23 лица се повредени. Безбедносни претставници изјавија дека бомбашот се шетал пред главниот влез на полицискиот комплекс во Лахор и го детонирал експлозивот кога му се приближиле полицајците. Пакистанските Талибанци ја презедоа одговорноста за нападот.

XS
SM
MD
LG