Достапни линкови

Узбекистански активисти спречени да патуваат во Сеул


На двајца активисти за човекови права од Узбекистан, не им било дозволено да патуваат во главниот град на Јужна Кореа, Сеул за да примат меѓународна награда. Шухрат Рустамов од Ташкент рече дека узбекистанските власти одбиле да им дадат „излезни виза“, на него и на претседателката на Сојузот на бранителите на човековите права во Узбекистан, Елена Урлаева. Рустамов вели дека заедно со Урлаева биле поканети во Сеул да примат наградата за мир и парична награда од 10 илјади долари, за време на церемонијата на 11 март. Граѓаните на Узбекистан треба да добијат официјална дозвола за да ја напуштат земјата, позната како „излезна виза“.

XS
SM
MD
LG