Достапни линкови

logo-print

Нема повлекување на тешкото оружје од фронтот во Украина


Украинските сили и проруските сепаратисти, според мировниот план, од денеска требаше да почнат со повлекување на тешкото оружје од линијата на фронтот, но засега нема такви активности.

Во меѓувреме, украинската армија соопшти дека во изминатата ноќ бунтовниците извршиле 15 напади врз нивните позиции во околината на Дебалцеве и оти биле убиени 5-мина војници.

Про-руските сепаратисти, пак, соопштија дека украинската армија го прекршила примирјето 17 пати во регионот на Доњецк.

Инаку, официјален Берлин соопшти дека лидерите на Русија, Германија и на Украина, во телефонски разговор, се согласиле на конкретни мерки со кои посматрачи на ОБСЕ ќе треба да го надгледуваат кршливото примирје.

XS
SM
MD
LG