Достапни линкови

Египет бара меѓународна интервенција во Либија


Претседателот на Египет Абдел Фатах ал Сиси

Претседателот на Египет Абдел Фатах ал Сиси

Египет ја повика меѓународната заедница да интервенира против милитантите на Исламската држава во Либија кои обезглавија 21 египетски христијанин. Претседателот на Египет Абдел Фатах ал Сиси оцени дека она што се случува во Либија е закана за светскиот мир и безбедност. Каиро побара од Советот за безбедност на Обединетите нации да преземе нови мерки против милитантите. Египетската војска вчера почна да бомбардира позиции на милитантите во Либија како одговор на видео снимката со обезглавувањето на египетските копти.

XS
SM
MD
LG