Достапни линкови

Грција уверена дека сепак ќе има договор со еврозоната


Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис синоќа изрази уверување дека во наредните два дена ќе биде постигната спогодба со еврозоната откако вчера во Брисел разговорите меѓу Атина и нејзините европски партнери завршија без договор. „Не се сомневам дека во наредниве 48 часа Европа ќе успее да ни поднесе документ врз основа на кој ќе составиме нов договор за Грција“, изјави тој, наведувајќи дека двете страни се блиску потпишување спогодба за четиримесечно одлагање на финансискиот пакет кој истекува на 28 овој месец по што земјата ќе се соочи со банкрот. Грција сака нов пакет со помалку строги мерки за штедење.

XS
SM
MD
LG