Достапни линкови

Шеста ноќ на студентска автономија


Студентите ја поминаа и шестата вечер во автономната зона откако на состанокот на Студентскиот пленум беше решено да продолжи нивната „окупација“ на факултетите се додека не добијат цврста гаранција дека владата сериозно пристапува кон нивните барања. Претходно, во последен момент беше одложена средбата меѓу претставниците на студентите, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Министерството за образование со која официјално требаше да почнат разговорите за нов закон за високо образование. На средбата требаше да се формира работна група што ќе учествува во изработката на новиот закон за високо образование.

XS
SM
MD
LG