Достапни линкови

Силен земјотрес на северот на Јапонија


Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотрес со сила од 6,9 степени денеска го погоди североисточниот дел на Јапонија. Досега нема извештаи за жртви или за посериозни штети. Јапонската влада издаде предупредување од можно цунами, а на неколку илјади луѓе им беше наредено да ја напуштат областа на околу 600 километри северно од Токио. Градовите околу ова подрачје беа поплавени од катастрофалното цунами во март 2011 година.

XS
SM
MD
LG