Достапни линкови

Хан во Скопје со повик опозицијата да се врати во парламентот


Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан кој утре во Скопје ќе се сретне со македонските политичари денеска во Брисел нагласи дека добил препораки да не доаѓа во земјава во ваква ситуација но дека одлучил да го направи спротивното.

“Важно е да бидам таму и да дискутирам за ситуацијата. Нашите препораки се кристално јасни. Треба да се остават сите прашања на областите кои се надлежни, а тоа е правосудниот систем, не е прашање на политичарите да судат. Тоа треба да го направи судството. Ако се неопходни некакви политички проценки , тоа е во ред, но треба да бидат направени во парламентот и затоа јас уште еднаш ги повикувам сите политички партии да се вратат во парламентот бидејќи главната политичка дебата треба да се одвива во парламентот”рече Хан.

Тој додаде дека веќе побарал помош од Европскиот парламент.

“Затоа јас денеска побарав од претставниците на главните политички партии во Европскиот парламент да направам сличен напор каков што имавме успех во Албанија каде што преставниците на Европскиот парламент, Кукан и Флекештајн успеаа да постигнат договор кој доведе до ситуација опозициската партија да се врати во парламентот и мислам дека тоа е добар пример. Бидејќи го засега парламентот, логично е Европскиот парламент а не комисијата да го направи тоа. Тие се подготвени да го сторат тоа и јас сум среќен и се надевам на успех. Ние се обидуваме да го разрешиме проблемот проактивно, но тоа мора да биде направено од одговорните и тие треба да го почитуваат владеењето на правото” рече Хан.

XS
SM
MD
LG