Достапни линкови

Лазарополе стравува од „монструм“ населба


Фотографии од Лазарополе на Ана Лазаревска. Прокет Креативен викенд.
Фотографии од Лазарополе на Ана Лазаревска. Прокет Креативен викенд.

На недопрената и еколошка земја во Лазарополе и се заканува упад од механизација. Се планира да се изгради викенд населба со 300 куќи и два хотела. Лазорополци интензивно бараат решение за овој проблем.

Ако се изгради „монструм“ населбата во Лазарополе, ќе почне првин војна за вода, ќе се уништи природата, ќе се загади воздухот, и што ли уште не. Ако се прави нова населба, старата може да згасне, вели Арсо Глигоровски, претседател на еколошкото друштво Лазарополе. На недопрената и еколошка земја во Лазарополе и се заканува упад од механизација, се жали тој.

Ние две години пробавме со мирно, со дописи, со разговори до сите институции, министерства да им укажеме дека локацијата е погрешно одбрана. Ние сме за развој на туризмот, меѓутоа никој не нè смета за живи таму, не разговара со нас.
Арсо Глигоровски, претседател на еколошкото друштво Лазарополе.

Со одлука на владата, земјоделското земјиште во селото трајно се пренаменува во градежно, со што се отвора патот за изградба на викенд населба од 300 куќи, два хотела и хелиодром, до онаа постојната во Лазарополе. Одлуката предвидува да се гради на 44 хектари во Националниот парк „Маврово“ и во атарот на село Лазарополе, со што се уништува шума, плодно земјиште, пасишта, ливади. Дел од земјиштето е во сопственост на Црквата, а дел на неколкумина лазарополци кои за земјата имаат и документи.

Глигоровски вели дека тие не се против развојот на туризмот и идејата на Владата да вложува и да го разубави регионот. Но тој вели дека ако сакаат да вложуваат, можат да вложува во веќе постојните капацитети.

Замислете сега да се изградат 300 куќи, 300 септички јами, 300 оџаци, и што може да застане од таа животна средина?
Арсо Глигоровски, претседател на еколошкото друштво Лазарополе.

„Значи воопшто владата не размислува за враќање на животот на Лазарополе и другите мијачки села, црта и гради нови населби без да го праша населението, а им го зема животниот простор“, вели тој.

Лазорополци интензивно бараат решение за овој проблем. Глигоровски вели дека две години се обидуваат институционално да укажат дека локацијата за проектот е погрешно одбрана.

„Ние две години пробавме со мирно, со дописи, со разговори до сите институции, министерства да им укажеме дека локацијата е погрешно одбрана. Ние сме за развој на туризмот, меѓутоа никој не нè смета за живи таму, не разговара со нас“, вели Арсо Глигоровски.

Тој вели дека со новата населба само ќе се уништи недопрената природа во тој крај. А ако се изгради населбата веќе во Лазорополе ќе нема чист воздух, ќе нема нарциси,

„Патот е тесен, руиниран до Лазарополе, значи за да се изгради една таква монструм населба, владата треба да вложи најмалку едно 10-15 милиони евра за ништо. Треба да направи нов пат, да донесе нова струја од некаде, од некоја хидроцентрала, од Шпилје, треба да обезбеди вода за населбата, а Лазорополе во овие моменти ги има исцрпено сите можности на извори и поздемни води, значи нема алтернатива за нови водоводи. Лазарополе и во летниот период, кога е шпицот на сезоната, горните зони во селото остануваат без вода. А замислете сега да се изградат 300 куќи, 300 септички јами, 300 оџаци, и што може да oстане од таа животна средина?“, вели Глигоровски.

Агенцијата за планирање на просторот во септември 2013 година ја започнала постапката за изработката на Планот за викенд-населбата. Тогаш биле консултирани сите надлежни како Општината Маврово - Ростуше и Националниот парк „Маврово“ и тие се согласиле со планот и досега немало никаква забрана. Но, Глигоровски вели дека во овој случај се почнало да се одвива по обратен ред.

Тој најавува дека ќе продолжат со активностите се додека не се сопре проектот. За тоа ќе побараат помош и од меѓународната заедница.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG